- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
Проектите можете да ги преземете според секторите и одделенијата на Општина Охрид.
Проектите можете да ги преземете според секторите и одделенијата на Општина Охрид.
🔗 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ
ФИЗИБИЛИТИ-СТУДИЈА-ЗА-РАЗВОЈ-НА-КАСАРНА-ОХРИД-ВО-ТЕХНОЛОШКО-РЕКРЕАТИВН...
ЛОКАЦИИТЕ ОПФАТЕНИ СО АНАЛИЗАТА НА ВИЗУЕЛНОТО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ГРАДОТ ОХРИД
АНАЛИЗА И ВИЗУЕЛНО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ГРАДОТ I
АНАЛИЗА И ВИЗУЕЛНО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ГРАДОТ II
СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
СТРАТЕГИЈА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ОХРИД 2022-2027
ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЛЕР
Надлежности на одделението се:
ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ЗА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 2020 – 2029
НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА (СОЖС) ЗА ПЛАНОТ
Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.
Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии 5/5/8см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни. Повеќе детали за проектот може да се рагледаат во рамки на приложената документација.
ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Согласно планираните тендерски процедури и потребниот временски период за подготовка на документацијата, реконструкцијата на улицата се очекува да започне во текот на пролетните месеци од 2021 година.
Со одлуката за алоцирање на средства во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” на Општина Охрид и се одобрени и ќе и бидат доделни вкупно 1.073.218 евра. Според пропишаните услови, средствата треба да бидат наменети за градежни работи, надзор и проектирање во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура со која ќе се овозможат подобри услови за граѓаните од општината. Врз основа на направените анализи и проценки на локално ниво, во текот на наредниот период ќе биде одлучено дали со овие одобрени средства, покрај реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ ќе бидат реализирани и дополнителни инфраструктурни проекти.
На повикот за доставување на апликации за финансирање на проекти од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид аплицираше и со проектот за реконструкција на улицата „7 Ноември“ од пресекот со улица „Егејска“ до пресекот со улица „Железничка“; проектот за изградба на локален пат од село Свиништа до црквата „Св. Богородица“; проектот за Реконструкција на локален пат за село Куратица; проектот за реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино и проектот за реконструкција на локалниот пат што води од регионалниот пат Охрид ‒ Св Наум до автокампот Љубаништа.