- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
За разгледување прашања и утврдување на предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии. Составот на комисиите е во пропорционален сооднос на застапеност на политичките партии во Советот.
Комисиите на Советот на општината:
Постојани комисии на општината се:
Комисиите се составени од по 5 членови.
Статутарно правната комисија го утврдува предлогот на Статутот на општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измени на Статутот и ја следи примената на Статутот и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер. Статутарно-правната комисија го утврдува предлогот на Деловникот на Советот, подготвува мислења по предлог законите кои се однесуваат на Општината, разгледува и други општи акти во надлежност на Советот на општината.
Комисијата за верификација, избори и именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетни прашања и разгледува и подготвува предлози за избор, именување и разрешување во надлежност на Општината.
Комисијата за финансии и буџет ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината, буџетот и завршната сметка на буџетот на Општината.
Комисијата за јавни и комунални дејности ги разгледува прашањата од работата на јавните служби (јавните установи и јавните претпријатија) на Општината.
Комисијата за урбанизам ги разгледува генералниот и деталните урбанистички планови и друга урбанистичка документација
Комисијата за општествени дејности разгледува прашања од развојот на мрежата на установи од областа на културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното образование како и прашања од други области од значење и интерес на граѓаните.
Комисијата за туризам и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со развојот на туризмот и угостителството и унапредување на туристичката пропаганда.
Комисијата за заштита на животната средина ги разгледува прашањата за заштита и унапредување на животната средина
Комисијата за месна самоуправа го разгледува функционирањето на облиците на месна самоуправа и нивните органи, програмите за работа и други прашања сврзани со работата на облиците на месната самоуправа.
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија донесува Програма за одбележување празници и манифестации и доделува награди и признанија.
Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените ги разгледува прашањата од родовата рамноправност со цел да развие и воспостави полотика за родова еднаквост насочена кон оспособување на жените и мажите да учествуваат под еднакво ниво на социјалната, политичката и економслата сфера.
Комисијата за млади и спорт разгледува прашања, за развојот и рекреативните активности на младите и за културни активности.