- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
ОРГАНИЗАЦИЈА И ДЕЛОКРУГ НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТАЦИЈА
[кликнете на соодветниот сектор и во полето одберете го потребното одделение]
Општинската администрација на oпштина Охрид ги извршува работите од надлежност на органите на Општината, односно Советот и Градоначалникот.
Општинската администрација ги извршува работите од надлежност на органите на Општината во согласност со Уставот и со закон, со Статутот на Општината и со други прописи и општи акти донесени врз основа на закон.
Врз основа на надлежностите на Општината утврдени со закон, како и групирањето на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста, нивната меѓусебна сродност и поврзаност, општинската администрација се организира во сектори, одделенија и Територијална противпожарна единица на Општината.
Сектор се образува заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја од надлежност на органите на Општината, како и заради организирање, следење и координирање на работите од надлежност на одделенијата во неговиот состав и унапредување на меѓусебната соработка на одделенијата.
Одделение се образува заради непосредно извршување на една од следните работи: нормативно-правни, управување со човечки ресурси, стручно-аналитички, управни, управно-надзорни, информативно-документациони, информативно-комуникациски,стручно-оперативни, материјално-финансиски, инвестициони, информатичко-технолошки, стручно-административни и други работи.
Територијална противпожарна единица на Општината се образува заради вршење на со закон утврдените работи од областа на заштита од пожари.