- Телефон : +389 46 262 492
- Работно време : Пон-Пет 08:00 - 16:00
🔗 ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ - ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД
Адреса: ул. „Никола Карев“ бр. 6, 6000 Охрид
Tелефон: (++389 046 252 104)
Работно време: 8:30-16:30 часот
Архивот во Охрид е формиран во 1951, а по 1990 година се трансформира во Подрачно одделение во рамките на Државниот архив на Република Македонија. Со својата дејност ги покрива општините: Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Другово, Осломеј, Вранештица, Зајас, Дебар и Центар Жупа. Новата наменска зграда е изградена во 1979 година.
Одделението работи со 385 иматели на архивски материјал.
Одделението располага со 598 фонда и 17 збирки. Најголемиот дел од архивскиот материјал е од периодот по Втората светска војна, а останатиот дел во најголема мера се однесува на архивски фондови и поединечни документи од XIX и првата половина на XX век. Архивските фондови и збирки содржат многу важни податоци за политичката, културната и стопанската историја на подрачјето на наведените општини.
Многу се значајни и вредни Збирката црковно-словенски ракописни книги од XIV до XX век и Збирката ориентални ракописни и печатени книги.
Во ова Одделение најзначајни се фондовите за:
Од семејните фондови се издвојуваат фондовите на трговските фамилии Групчеви, Јованоски, Коцареви и други;
Од личните фондови како најзначајни можат да се издвојат: Бојаџиски Борис, писател – Охрид, Прличев Григор, поет – Охрид, Масин Фоти, свештеник – Охрид и др.
Одделението располага со читална со 6 места, опремена со еден апарат за копирање на архивски материјал. Архивскиот материјал може да се користи од 9 до 15 часот секој работен ден.
JЗО СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА “СВ. ЕРАЗМО“ – ОХРИД
Адреса: „Гоце Делчев“ бб 6000 Охрид
Телефон: +389 46 267 700 / +389 46 270 217
E-mail: traortoh@mt.net.mk
Web: www.traortoh.com.mk
ЈЗО ЗАВОД ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА „СВ. СТЕФАН“ – ОХРИД
Адреса: нас. „Св.Стефан“ 6000 Охрид
Телефон: +389 46 277 700
E-mail: cardioohrid@t.mk
Web: www.cardioohrid.mk