Ohrid.gov.mk

ГРБ И ЗНАМЕ

ГРБ И ЗНАМЕ

Грбот на Општина Охрид има три варијанти: мал, среден и голем грб. Начинот на употреба на грбот и знамето е регулиран со посебен ПРАВИЛНИК..
  • Малиот грб претставува основна хералдичка форма на која се наоѓа само штитот со хералдичката композиција. Основната хералдичка композиција се состои од следниве елементи: На сино поле се наоѓа зелен рид на кој е поставена сребрена ѕидина со две кули и со порта. Во подножјето на ридот е претставена вода во која се наоѓа златен едреник со сребрено едро и јарбол на едреникот, кој завршува во тролисен крст. Содржината на малиот грб е основа на сите три претстави.

     

  • Средниот грб претставува поголема хералдичка форма, во која на малиот грб му е додадена рангова бедемска круна. На блазанот на малиот грб се додава: Штитот е крунисан со златна бедемска круна со три кули, средната од нив со порта. Дијадемата е украсена со македонски рубини и охридски бисери

  • Големиот грб е најсвечената форма, односно претстава на грбот во која на средниот грб е додаден дабов венец со лента. Печатот на општината да се усогласи со грбот на општината. 

  • Општината има знаме во сина боја. Знамето е изработено по вексилолошки и хералдички принципи. По својата содржина тоа е засновано на дел од композицијата на малиот грб, но никако не претставува целосна негова копија. Знамето претставува стег со сооднос на страните 2 : 3.

  • Векторски формат на грбот и знамето на Општина Охрид

 


 
 
 
 
 
 
 
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Optio, neque qui velit. Magni dolorum quidem ipsam eligendi, totam, facilis laudantium cum accusamus ullam voluptatibus commodi numquam, error, est. Ea, consequatur.